+389 (0) 44 353 330

Магистрала Скопје - Тетово, 1200 Тетово, Р. Македонија

Почитувани клиенти,

За да можете секогаш да ги следите најновите трендови на подрачјето на технологијата на моторните возила важно е да имате јасно структуирано управување со образование и усовршување.

Компетентно советување, дијагностика и услугата што ја пружате заедно со своите вработени долгорочно ќе ги врзе вашите клиенти за вашето претпријатие и ќе ја осигура иднината на вашето работење. Секако дека најпрво треба да инвестирате за да можете да ги собирате плодовите, но искуството покажува дека трошоците се исплатуваат за кратно време.

Ауто Цем Едукација ви дава поддршка во тој процес на развој и тоа во вид на актуелна понуда на едукација и усовршување за кои на крајот добивате сертификати.

Понатака ви донесуваме преглед на нашата програма за едукација како и мерки за дошколување и усовршување за 2015 год.

Се радуваме на вашето учеството, како и на учеството на вашите вработени на нашите обуки.

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за примена на основните техники при сервисирање и одржување на современите автомобилски мотори и правилно користење на опремата и алатот.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ‘’Автомеханичар за современи системи кај моторните возила’’.

Времетраењето на програмата е 264 часа од кои 56 часа теоретска обука, 182 часа се практична обука во реални работни услови и 26 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор наставник а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат: "Автомеханичар за современи системи кај моторните возила"

По завршувањето на програмата учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен:

  • Да ја планира и ја организира работата, самостојно и во тим
  • Да ги подготвува работното место, алатот, машините и мерките инструменти;
  • Да ги одржува и ги сервисира патничките возила според препораките на производителот
  • Да ги поправа да ги менува деловите, склоповите и уредите на моторот и преносниот механизам;
  • Да ја контролира и да ја испитува работата на моторот и на другите делови и уреди;
  • Да ја контролира и да ја дијагностицира исправноста на уредот за климатизација во возилото;
  • Да обезбедува резервни делови и потрошни материјали, во зависност од процесот на работата;
  • Да ги обработува работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задаши;
  • Да ги користи стручната литература и упатството за квалитетно извршување на работата;
  • Да ги применува мерките за лишна заштита и заштита на околината