Opel Astra GTC (3 door).

Софистициран и динамичен

Новата Opel Astra GTC отелотворува елеганција и дизајн за живот на брзата патека. Оригиналните Opel додатоци се дизајнирани со иста цел. Заминете на авантуристичко патување до океанот и поминете го денот во сурфање, искажете го својот стил со помош на алуминиумските тркала и останете поврзани додека сте на патот со помош на инфозабавни производи. Искористете ги најдобрите страни на Вашиот GTC и бидете предмет на завист на патот.

Стилизирање и OPC-линија

Дали сте подготвени да се истакнувате од мноштвото? Ова е вистинското место каде што можете да започнете. Нудиме одличен избор на производи за стилизирање на автомобили, коишто Ви овозможуваат да му го додадете на својот Opel она нешто коешто ќе го направи посебен. Центарот за перформанси на Opel (Opel Performance Center) и OPC-линијата означуваат ексклузивен изглед, софистицирана технологија и возбудливи перформанси. Создајте автомобил којшто се истакнува од мноштвото.

Тркала

Приспособете го Вашиот Opel со нов комплет на тркала. Без оглед на Вашиот вкус, овде ќе најдете голем избор на оригинални Opel алуминиумски тркала така да на Вашето возило ќе можете да му дадете индивидуализиран изглед. Уживајте во стилот и квалитетот на оригиналните Opel додатоци.

Транспортни и носечки системи

Со Opel многу полесно ќе ги носите со себе потребните нешта. Нашиот широк асортиман на флексибилни транспортни и носечки системи нуди одлична помош при Вашето патување и спортски активности. Нашиот избор вклучува оригинални производи на Opel, како и производи на нашиот партнер Thule, лидер на пазарот за носечки системи.

Инфозабава

Уште подобар начин како да стасате на саканото место – Opel инфозабавни системи се вистински уметници. Останете поврзани со помош на широкиот спектар на држачи за мобилни телефони и Bluetooth комплети за користење со слободни раце, навигациони системи, надградби на мапи и различни мултимедиумски врски.