Opel Combo.

Петоседниот Opel Combo е едно од најефикасните комби возила, комбинирајќи ја ниската потрошувачка со интелигентната внатрешност – идеално за фамилијарни излети.

Opel Combo модели Четирите практични и возбудливи нивоа на опременост, флексибилност и пријатност, го прават патничкото комби Opel Combo вистински член на секоја фамилија.

Откријте ги уникатните карактеристики кои го прават Combo совршен член на вашата фамилија. Opel Combo ве чува безбедни со сеопфатниот безбедносен пакет. Стандардните безбедносни карактеристики вклучуваат големи воздушни перничиња за возачот и совозачот, предни сигурносни појаси со приклучоци и ограничувачи на силата, 3 задни сигурносни појаси, Систем за испуштање на педалите (PRS) и ABS кочници.

Технологијата „моновалентплус“ на Оpel Combo ecoFLEX ја комбинира најголемата ефикасност со ниска потрошувачка на гориво. 1.6 CNG моторот од 69 kW (94 кс) работи со компримиран природен гас за извонредно ниски трошоци на одржувањето и за сè почисто испуштање – создавајќи 25 грами помалку CO2 на километар спрема еквивалентниот бензински мотор, и никави честички. CNG технологијата на Оpel Combo ecoFLEX се одликува со највисоките безбедносни стандарди и лесното ракување.

Вашето возило има 24 месечна гаранција за нови возила без ограничување на километражата, како и гаранција против перфорација која важи 12 години.