Opel Zafira.

Честопати копиран, но никогаш ненадминат. Opel Zafira е оригинално компактно семејно комбе со 7 седишта и продолжува да ги поставува стандардите.Патувајте со стил и удобност и уживајте во импресивната динамика во возењето.

Откирјте го моделот на Opel Zafira кој прецизно одговара на вашите потреби, од практичниот Essentia, преку динамичниот Sport до стилскиот Cosmo.111 години Opel - Придружете се на прославата Специјалниот модел на Opel Zafira 111 Години ви нуди уникатен внатрешен дизајн и возбудлива опрема по јубилејна цена. Најважни карактеристики за Opel Zafira. Простор или седишта, онолку колку што ви е потребно, се организираат брзо, лесно и со минимален напор. Патентираниот Flex7® систем ви дава вистинска флексибилност и удобност. Благодарение на флексибилната 2-3-2 формација можете лесно да ја промените конфигурацијата на седење за само 15 секунди. Затоа Opel Zafira е идеална за фамилијарни излети или транспорт на гломазни товари.

На пример, можете да го склопите едното или двете седишта од трети ред, на подот. Со размер на склопување 60:40 на седиштата од втори ред, уште повеќе се зголемуваат можностите за додатен простор. Овде имате можност да го преклопите исправениот дел од седиштето нанапред или двојно да ги преклопите седиштата кон предниот ред.

Семејството и пријателите, или колеги и товар? Мулти талентираната Opel Zafira ги има сите одговори. Погледнете ги најважните каркатеристики за производот кои ја прават Zafira толку уникатна.