Opel Astra.

Новата Opel Astra ги има сите квалитети на ѕвезда: одличен изглед, спортска каросерија и зачудувачки перформанси. Опремена со најнови технолошки иновации вклучително и наградениот нов јазик на дизајн на Opel, новата Astra ќе внесе дополнителна енергија во класата на компактни автомобили.

Предниот дел има лик и израз сличен на Opel Insignia. Широкиот став дава впечаток на цврстина и спортска моќност, потпомогнато од вградениот стил на светла, маска и преден браник. Предните светла во форма на јастребово око се упоребуваат и како дневни светла. Шофершајбната која е стрмно накосена дава спотски белег на традизионалната форма на хечбек.

Благите линии и инструментната табла хармонично создаваат чувство на добредојде и просторност. Висококвалитетните материјали на новата Opel Astra се одлично склопени. Главните површини се обложени со мек и висококвалитетен материјал.

Деловите од хром му даваат технички и модеред изгед на местото на возачот. Може да се заблежи белег на сечило - во детали како што се вентилите за воздух, рачки за врати и воланот.

Во новата Opel Astra посветено е големо внимание на детали – како на пример дизајнот и практичната поставеност на контролни елементи како мулти функционален контролор на копчиња на централната табла. Резултат: совршено ергономски простор организиран само за возачот.

Нова Astra навистина нуди голем спектар на нивоа на опременост, од првокласни и софистицирани до спортски и динамични, дури забавни и весели.

Нова Opel Astra ни доаѓа во спектар од софистицирани пионерски технологии. Дознајте повеќе за првокласните карактеристики како што се FlexRide, AFL+ и Opel Eye. Нова Opel Astra е наградена со една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија, "Goldenes Lenkrad 2009".