Opel Astra 5 door.

Вешт и Луксузен

Многу напредни стандардни и дополнителни карактеристики ја вбројуваат Astra помеѓу првите во својата класа кога се работи за грижа за возачот и патниците.

Електронска Контрола на Клима (ECC)

Електронската контрола на клима (ECC)е целосно автоматска и индивидуално приспособлива и содржи сензор за регулација кој овозможува постојана контрола на температура под сите услови. ЕСС исто така содржи и воздушни филтери за подобрување на квалитетот на воздухот.

Брзо загревање

Електронски контролиран помошен систем за загревање кој брзо го загрева патничкиот простор независно од температурата на моторот. Брзото загревање исто така ги одмрзнува прозорците.

Отвори и започни®

Систем без клуч за препознавање на возачот и автоматски заклучување и отклучување на возилото е достапен за Opel Astra. Ова го зголемува комфорот во секојдневната употреба и нуди квалитетна заштита против кражби.

Систем за помош при паркирање

Автоматски се активира во рикверц, системот за помош при паркирање произведува звучно предупредување и за ниски објекти кои се наоѓаат надвор од видното поле на возачот.