Opel Corsa.

Изненадувачки просторна, убедливо енергична, со големо срце во секој поглед. Opel Corsa со 5 врати е совршена за возење во друштво на пријателите или семејството, но секогаш ќе уживате и сами во неа.

Откријте ја Opel Corsa со 5 врати која ви одговара. Одберете една од верзиите на овој модел-од функционална Corsa Essentia до Corsa GSi со повеќе перформанси.

Внатрешноста на Opel Corsa е подеднакво елегантна како и надворешноста. Ќе ве изненади просторот, ќе ве воодушеви комфорот и ќе ве возбудат сите паметни решенија кои ви овозможуваат да ја индивидуализирате вашата Opel Corsa, како и нејзините карактеристики. Привлечниот амбиент, луксузните удобни седишта, соодветноста на таблата и вратите, површини со пијано сјај, благо осветлени контроли и иновативна кабина во која се е таму каде што ви е потребно да биде, ја прават Opel Corsa совршен автомобил за вас.

Специјалниот модел на Opel Corsa 111 години, нуди уникатен внатрешен дизајн и возбудлива опрема по јубилејна цена. Изненадувачки пространа со разновидна флексибилност, напредна безбедност и комфор ја прават Corsa со 5 врати перфектна за луќе со обврски.

Во која боја се возите? Со моделите од линијата за бои на Opel Corsa, Color Edition, Color Wave и Color Race можете да комбинирате сјајни надворешни бои со ексклузивни карактерстики.

Отсега па натаму, возењето во Opel Corsa значи забава - со значително подобрување на шасија и нови помоќни мотори со намалена потрошувачка.

Кај Opel Corsa, ABS е многу повеќе од 'обичен' ABS. Тоа е систем од најновата генерација кој инкорпорира голем број на дополнителни функции:

Електронска Дистрибуција на силата на кочење (ЕДСК): ги оптимизира перформансите на кочење во зависност од тежината на возилото.

Контрола на Кочење при Вртење (ККВ): ја подобрува стабилноста при вртење во кривини во внатрешното предно тркало. Контрола на Праволиниска Стабилност (КПС): ги открива и поправа сите тенденции за нестабилност при праволиниско кочење преку намалување на притисокот при кочење кај соодветните тркала.