Opel Insignia.

Со својот впечатлив дизајн и софистицирана технологија Opel Insignia вистински ја редефинира класата на автомобил со средна големина.

Достапна во три еднакво привлечни варијанти Opel Insignia ве кани да ја искусите одличната динамика на возење. Големиот број напредни функции како што се Opel Eye и Прилагодливото предно светло (AFL) ја прават Insignia еден од најиновативните автомобили на патот. Откријте ја Opel Insignia со 4 врати која ви прилега вам. Одберете еден од четирите атрактивни модели и нивоа на опременост – од функционалната Essentia до раскошниот Cosmo.

Opel Insignia hatchback 5-врати. Хечбек варијантата на Opel Insignia го нагласува незјиниот спортски карактер. Откријте ја Opel Insignia со 5 врати хечбек која ви одговара. Одберете една од четирите атрактивни варијанти на модели - од функционалната Essentia со 5 врати до екстравагантниот Cosmo.

Opel Insignia Sports Tourer. Караван варијантата на Opel Insignia Sports Tourer е совршена рамнотежа меѓу стилот и капацитетот. Откријте ја Opel Insignia Sports Tourer која ви одговара. Одберете еден од четирите привлечни варијанти на модели – од функционалната Essentia до екстравагантниот Cosmo.

Мазниот преден дизајн привлекува со своите суптилни кривини и хармонични линии. Сензуалната мазна површина е нагласена во предниот дел со различните предни светла, со "крилните" ознаки и предната мрежа.Овие елементи го претставуваат силниот израз на новиот Opel дизајн.

Широката поставеност на новата Opel Insignia е нагласена со вградени продолжетоци на лакови за тркала. Моќната силуета е нагласена од мускулната и мазна површина на каросеријата, заедно со " острата" странична линија. Мазно извајаната форма на автомобилот е создадена за возење.

Најзначајни карактеристики на Opel Insignia Sports Tourer Многу напредни карактеристики како на пример Оpel набљудувач (Opel Eye) и Прилагодливо Предно Осветлување (AFL) ја прават Insignia една од најиновативните автомобили на патиштата.