Opel Vivaro.

Практично, флексибилно и подготвено за бизнис. Простораното патничко комбе Vivaro нуди комфор како во автомобил за 9 патници.

Стилски начин за превоз на луѓе, багаж или товар. Погледнете ги моделите на Vivaro патничко комбе како и нивоата на опрема. Најважни карактеристики на Opel Vivaro - Елегантно, функционално и добро за возење, Opel Vivaro патничкото комбе додава дополнителна димензија на внатрешниот простор. Погледнете ги сите карактеристики.

Пространа кабина - Удобна и практична, кабината на Opel Vivaro е одличен простор за возење. Opel Vivaro Combi нуди место за 9 патници, вклучувајќи го и возачот, додека пак Tour нуди место за 8 патници. И двете опции нудат повеќе од доволен простор за багажот на патниците.

Влегувањето и излегувањето и лесно и благодарение на поставеноста на менувачот на таблата, може да се движите брзо и без пречки од една страна во кабината до друга.

Додатете електронско управување, подесување на возачкото седиште и на управувачот и ќе добиете комфор како во автомобил во текот на целото патување. Клима уред, централно заклучување и електрика на прозорци се изборна опрема за Combi.

Јасна, атрактивна графика ви прикажува целосен преглед на информации за патот и дење и ноќе, вклучително и информации за растојание, моменталното ограничување на брзината, RDS-EON информации за застој на патот и очекувано време на пристигнување. Има и избор за поглед одозгора и директен поглед нанапред (прикажано овде). Мапите покриваат 26 европски земји.